Другарство – Благица Петреска

– Што е тоа другарство,
знаете ли вие?
– Дали е тоа кога од вас
некој нешто крие?
– Неееее – некој тивко рече.

– Дали во другарството
сѐ се дава и се дели,
нема мое, твое,
сѐ е заедничко нели?
– Даааа – секој ќе рече.

Мислам дека сега знам
другарството што е.
– Може ли да бидам
другарче твое?
прашав во тој час.
– Може, може, може…
извикаа сите со сиот глас.

Автор: Благица Петреска 2 одд
ООУ „Круме Волнароски“ – с.Тополчани, Прилеп
ПУ с. Алинци