Есен – Драгана Тодорова

Есен е…

дождот везден лие,

ладно е…

па моето маче

со мене спие.

Есен е…

ветрот надвор дува,

ладно е…

па в собата влегла

и се топли една мува.

Есен е…

ладно е…

но сепак, убавица

со волшебни бои

на нашиот праг стои!

Автор: Драгана Тодорова 7 одд.

ООУ „Лазо Трповски“, Скопје