Есен – Анабела Јованоска

Летото оваа година
веќе нема да се врати,
но ете ја есента ни сврати
и есенските плодови
во домовите ги прати.

Грозје, јаболка и сливи
дињи и круши зрели,
есента несебично сега
на возрасни и дечиња
полни торби им дели.

Дрвјата жално стојат
жолтите лисја ги бројат
ветерот гранките луто ги гали,
кине лист по лист
големи и мали.

Автор: Анабела Јованоска 2 одд
ООУ ,,Круме Волнароски“с.Тополчани -Прилеп
ПУ с.Алинци