Есен – Ива Трајкоска

Стигна златна есен,
а мене домот ми стана тесен,
додека дождец надвор роси
а тато дрва носи.

Лисја жолти паѓаат
капки дожд нѐ гаѓаат,
птиците на југ се селат
од родниот крај се делат.

Плодови има разни
есента ни плете сказни,
но носето почна да ми тече
– Облечи се! – мама ми рече.

– Сѐ и сешто треба да има
за долгата и студена зима,
ајварче, гравче, слатко –
вели баба му на Влатко.

Затоа мама зимница спрема,
а мене ме фаќа трема,
дома ќе треба да седам
и приказни на ТВ да гледам.

Во есенските денови следни
ќе брзаат сите како мравки вредни,
велат кој работи ќе има
за во долгата и студена зима.

Автор: Ива Трајкоска – 3 одд
ООУ „Круме Волнароски“ – с. Тополчани
ПУ с. Алинци