Информирање – Драгана Тодорова

Дедо чита весник

и се информира,

а потоа со баба

за прочитаното дебатира.

Тато многу сака

интересни случки да бара

па затоа од една на друга

интернетска страница шара.

Чичо вести гледа, па ни вели:

– Некој човек од Битола го нападнале 10 пчели.

И бато радио слуша,

ќе поскапела дебарската круша.

Секој по дома

на свој начин се информира,

а потоа наоѓа

со кого да дебатира.

Автор: Драгана Тодорова