Јас сакам чиста планета

Во ноќта тивка низ прозорец гледам

спие мојата улица, спие мојот град,

а во далечината од фабричките оџаци

во ноќта темна кон небото се издига чад.

 

Гледам во чадот темен што небото го гнаси

гледам една ѕвезда сјајна се обидува да се спаси,

но густиот сив облак над неа се изви и ја скри,

а јас почувствував силен немир.

 

Не сакам во чад да се гуши мојот град,

не сакам соголени дрвја што не нудат лад,

не сакам отпад по улиците да гледам,

не сакам загадена планета да наследам!

 

Доста природата, водата ја загадуваме ние,

доста пред неволјата се замижува, се спие,

доста во озонот дупка правиме,

доста во ѓубре и смрдеа се давиме!

 

Јас сакам средина чиста, вода бистра,

јас сакам полиња зелени, шуми бујни

јас сакам утра свежи, небо сино,

сакам воздух чист и  зори рујни,

 

Затоа сега, во овој час

силно го кревам мојот глас:

Освестете се, драги луѓе,

на нашата планета ѝ треба спас!

 

Драгана Тодорова 8б

ООУ „Лазо Трповски“, Скопје