Лавицата Симбада – Стефанија Трајкоска

Една голема лавица
се појави во Штавица,
низ цело село рика
дека Симбада се вика.

Има очи големи и сини
добра е, така ми се чини,
мајка е, има мало лавче,
тоа е со интересно главче.

Во селото стана главна
и на далеку славна,
секој сака да ја сретне
и малото на неа да се метне.

На забава во тоа село
Симбада е на чело,
другарките нејзини се тука,
а една лута лиска од мака пука.

Но еднаш еден ловец страшен мал
и завиен со црн шал,
сакаше да ја убие неа
страшно беше, верувајте не е смеа.

Едвај жива глава спаси,
и денес од ловецот се гнаси,
сега-засега е добра,
така ми кажа една кобра.

Јас ја видов неа покрај река
и ја погалив нејзината кожа мека,
вода пиеше, добро чинеше
и така мирно животот ѝ минеше.

Автор: Стефанија Трајкоска 5 одд
ООУ „Круме Волнароски“ – с.Тополчани,
ПУ с. Алинци