Љубовта сила ни дава – Бојана Стојчевска

Што е тоа што на секого му треба? Што е тоа што нè води до небото?

Што е тоа што на птиците крилја им дава?

И на кучето глас кога сака да залае?

Што е тоа што мајката на своето дете му шепоти?

Што е тоа што петелот пее в зори?

За што пеат и зборуваат сите тие?

Поради што деновите не ни се здодевни?

Што ни треба да сме среќни,да играме? Што ни дава сила да создаваме?

Тоа е љубов, тоа се сонови,

тоа е љубов како силни громови!

Автор: Бојана Стојчевска