Мојата баба – Стефанија Трајкоска

Мојата баба има коса седа
со видот е добра, сѐ уште гледа,
ден по ден, старост се ближи
дните таа со дедо си ги ниже.

Има кафени и топли очи
од нив добрина се точи,
и внучиња три си има
заклучно до оваа зима.

Лош збор не знае да каже
а не пак да ме лаже,
таа нас секогаш нѐ чува
и кога е топло и кога дува.

На гости јас и одам често
живее во прекрасно место,
на поседок за распуст седам
и приказни со неа гледам.

Јас сум ѝ прв дар
со мене баба има ќар,
мирна сум и ме фали
во тивките ноќи додека ме гали.

На нејзиното лице милост зрачи
мојата баба многу ми значи,
една насмевка да ѝ видам
среќна јас ќе бидам.

Ја сакам најмногу на свет
ќе ѝ подарам еден цвет,
и оваа песничка мала
само неа од срце би ѝ ја дала.

Автор: Стефанија Трајкоска – 5 одд
ООУ „Круме Волнароски“ – с. Тополчани