Мојата наставничка – Ива Трајкоска

Мојата наставничка Валентина се вика

од нејзиното лице добрина блика,

многу е добра, има срце чисто

без неа ништо не е исто.

Ако нѐ нема – нѐ бара

и не знае да нѐ скара,

трпелива е нежна, мила

за учење ни дава сила.

Храброст на сите деца ни дава

ни помага, чантите ни ги става,

за учење, желба прави да имам

знаења од неа да примам.

За помош е тука секогаш,

а ние ја нервираме некогаш,

весели сме на музичко кога пееме,

на физичко со неа играме и се смееме.

Ако некого нешто го боли,

да го пушти ја моли,

таа збор да рече нема

ќе ја викне мајката да го земе.

Втора мајка ни е на сите

со неа убави се дните,

многу нѐ сака, иако од нас ја боли глава,

наставничката наша со прекрасна става.

Автор: Ива Трајкоска