На „Санто-Стеф“ – Стефанија Трајкоска

Пишувајте деца песнички разни,

басни, раскази или  сказни,

верувајте тоа не е никаков  грев

пратете ги и ќе ги објават во ,,Санто-Стеф“!

Токму тоа ми се случи мене

и горда сум во секој час,

книга како награда од нив си добив

го кажувам тоа на цел глас.

За мистерии чудни ќе читам

по Гинковата улица ќе итам,

книгата што ја добив за мене е важна

мојата радост е вистинска, а не лажна.

Горда сум и среќна

на моето поетско дело,

а за ,,Санто- Стеф“ ќе раскажам

и во град и во село.

Многу Ви благодарам на сите од  ,,Санто-Стеф“!

Автор: Стефанија Трајкоска 5 одд

ООУ,,Круме Волнароски“-с.Тополчани

ПУ с. Алинци Прилеп

Ментор: Валентина Костоска