Осаменоста на есенските лисја – Рената Пенчова

Просветлени се лисјата,
преточени се  во проникната горчина,
опишани се во нечија нечуствителност.
Разбудени се во центарот на соништата.

Осамени се, а сепак здружени,
стопени во утринскиот зрак,
предадени се на очекувањето,
гушнати се со солзите за каење.
Милостиво се  клекнати пред
стапалата на молкот.
Легнати се во постелата на есента,
осамени се ко црнилата на снегот.
Тие се предадени од затапената болка,
гости се во човековиот ум,
пронајдени се во снагата на гревот,
заштитени се во медените усни.
Се кријат под здолништето на дрвјата,
знам дека се осамени,
бегаат во нејзините сини коси.
Барајќи го своето засолниште,
солзите се пролеваат во елегиите на душата.

Осамени се лисјата,
осамени се ко кревкоста на оревот.
Ги подаваат дланките за спас,
но годините ги отсекуваат.

Автор: Рената Пенчова