Судир на сеќавањето – Рената Пенчова

Црвенило од есенски бои
и лепливи траги на тага
се мешаат со немоќта на разумот.
Истиснати, изморени од убавината
на двостишието,
распарчени од усни ладни и меки.
А сепак обвиени со небесни виножита,
и преточени во златни зајдисонца.

Преплетени мисли дивеаат во умот,
бараат коренска промена,
а сепак се наоѓаат во рамнотежна положба на периодот.

Го одбегнувам моментот на кршливост,
но сепак се сеќавам на него.
Неодгатнати, изгниени, свенати сеќавања,
а сепак направени од љубов.
Сеќавања кои порано биле нечујни шепоти,
а сега растат со мене.

Срцето барајќи слобода,
се судира со сеќавањата
кои пораснале како бели јасени до
возвишението на болката.

Невиноста протнувајќи се во длабочините на минатото,
неуморно ме влече кон почетокот.
и повторно го доживувам фениксот на тагата.
Навлечена од нападот на колапс,
конфузните мисли полека ги убиваат меките, диви делови од душата.

За на крајот судирот да се претори во колизија на соништата,
и ме приморува да сфатам дека сум зрно прашина одвеано на ветрот.

Автор: Рената Пенчова