Темно е – Славица Тодоровска

Темно е…

Кога јад душата стегната од болка

како со нож ти ја пара,

кога безизлезноста излез бара

кога камен во себе носиш –

ти тежи и те мачи,

сакаш да викаш, да го кренеш гласот

но знаеш дека тоа не е спасот.

Кога срцето се бори со чемер

со чувството на ладен мермер

што се обвива околу тебе,

и те гуши

и те притиска

и те боли

наместо радост, бесот збори.

Се побрзо и побрзо минуваат дните

а изминатото време е празно,

црната дупка во нашиот живот

е нашето најдлабоко азно.

Крик испуштам нечуен, тивок

копнеж за вселенски ред

ништожноста да остане само траг блед.

Автор: Славица Тодорова