Водата дожд станува – Славица Тодорова

Зошто дождот лие,

знете ли, деца, вие?

Топло сонце водата ја грее,

своите зраци, над реките

езерата и морињата

во целиот свет ги сее.

Водата кон синото небо

испарува лесно

се збира во облаци

додека не ѝ стане тесно.

А потоа што се случува,

да врне дожд, кој одлучува?

Една до друга капките

во облаци стојат –

се здружуваат заедно

и големи капки се бројат.

Облакот станува тежок –

за сите капки место нема,

па паѓаат на земјата

без никаква дилема.

Каква корист дождот дава,

па има толкава слава?

Корисен е дождот

за земјата наша родна,

без капките дожд

не може да биде плодна.

Ги полни реките, езерата,

водата назад ја носи,

за потоа повторно

дождец да роси!

Автор: Славица Тодорова