Желби – Лиле Арсова

Детската желба полетува

и во секое срце долетува.

Кога една желба заминува,

другата веднаш наминува.

Детските желби немаат број,

тие се ко пчелички во рој.

Кој да ги исполни, кој,

детските желби рој?

Со желбата се посакува,

копнеж  е што не се пакува,

мечта што сегде никнува,

стремеж што се негува.

Детските желби немаат број,

тие се ко пчелички во рој.

Кој да ги исполни, кој,

детските желби рој?

Автор: Лила Арсова