Ако срцето ти зборува за мене

Ако срцето ти зборува за мене
држи ме блиску до себе
земи ја мојава кревка рака
и цврсто стегни ја
како никогаш порано
и веќе не пуштај ме да одам.
Ако срцето ти зборува за мене
остани до бескрај со мене,
дозволи ми за тебе
да бидам единствена,
секој ден и секоја ноќ
само твоето убаво лице да го гледам.
Ако срцето ти зборува за мене
прифати ме
со сите мои предности,
со сите мои недостатоци,
отвори го своето камено срце
да влезам во него
и таму корење да пуштам.
Ако срцето ти зборува за мене
цврсто ќе чекориш до мене
во добро и во зло
по патеката наречена живот.

Марина Додевска, студент