Зима – Софи Стаменковска

Есента одамна пројде,

а зимата бргу, бргу дојде.

Чад од оџаците се шири

ветрот полека се смири.

Падна многу снег,

се покри и високиот брег.

Децата летнаа со брзите санки,

вешто работат детските дланки.

Децата ја дочекаа Баба Зима,

празнични пораки секој прима,

смешко бел во дворот се смее,

секое дете божиќни песни пее.

Автор: Софи Стаменковска