Постојан судски преведувач е лице кое го положило тестот за проверка на знаење и со решение од министерот за правда е поставено за постојан судски преведувач на неопределено време за подрачјето на определен суд, а кое врши преведување на говор и писмен текст од македонски на странски јазици и обратно. По барање на судот, државен орган, друга институција или граѓани, постојаните судски преведувачи вршат преведување на говор и писмен текст од македонски на странски јазици и обратно. Судски преводи се преводи заверени со печат од овластен судски преведувач за јазикот на кој се преведува документот и претставува официјален судски документ. Судските преводи ги заверуваме во согласност со барањата од Министерството за правда.
Превод на документи за кои е потребна заверка од овластен преведувач на сите светски јазици:
– договори
– уверенија
– лични документи
– сведителства, дипломи, потврди
– изводи од регистри
– овластувања и полномоштва
– полициски извештаи
– лекарски наоди…
СУДСКИТЕ ПРЕВОДИ ВИ ГИ ДОСТАВУВАМЕ ДО АДРЕСАТА ШТО ВИЕ ЌЕ ЈА НАВЕДЕТЕ БЕЗ ДОПОЛНИТЕЛНИ ТРОШОЦИ!
Пратете ни го вашиот текст, а ние ќе пресметаме колку ќе ве чини услугата.